Охрид, 22. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Сите регистрирани даватели на туристички услуги во Охрид кои се заинтересирани да примаат гости со ваучери за туризам ќе треба да го пополнат формуларот за регистрација.
Пријавувањето е веќе започнато и ќе трае до 30-ти јуни на овој ЛИНК.
Давателите на туристички услуги кои ги немаат категоризирано своите објекти можат да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид на телефон 046/262-492 за да закажат термин за прием на документацијата.
На платформата domasiedoma.gov.mk до 5-ти јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата.
Издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во третиот пакет економски мерки на Владата за поттикнување на домашната економија и поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.
Граѓаните ваучерите од 6.000 денари за домашен туризам ќе можат да ги користат од 15-ти јули до 15-ти декември оваа година. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: архива