Струга, 22. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јуни 2020 година, во 13:40 часот од полициски службеници од Полициската станица од Струга, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 206 од КЗ на Република Македонија (непостапување според здравствените прописи за време на епидемија), го лишиле од слобода лицето Ш.М. (роден 1964 година) од Република Косово.
– Одредена му е мерка „строга изолација во времетраење од 14 дена“ по што бил спроведен до Државен карантин во хотел во Скопје, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 55