Охрид, 23. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ започна со реализација вториот дел од проектот за реконструкција на фасадата на училишните објекти.
Во рамки на проектот за рехабилитација на средните училишта во Македонија се замени дотраената покривна конструкција, како и старата дограма со нова енергетски ефикасна. Училниците добија нови тавани и лед осветлување, а беа реновирани и училишните ходници.
Втората фаза од просектот опфаќа реконструкција на фасадата, кровот и дограмата во училишната работилница. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Прочитано: 23