јуни 24, 2020

Скопје, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 23/24.06.2020 година, на територијата на Република Македонија, на 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, a евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 544 прекршоци, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука