Скопје, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од денеска можат да пријават било каква повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, информираа од Канцеларијата на Народниот правобранител.
Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.
Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снименатапорака.
Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива