Охрид, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – До крај ќе го средиме Охрид, според сите стандарди на УНЕСКО. Ќе го донесеме УНЕСКО, место Субрата Рој, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев во рамките на предизборната средба која вечерва се одржа во Охрид.
Сите ние сме минливи, само Охрид е вечен и неповторлив, порача вечерва и му се поклони на градот „бисер“.
Тој потсети колку инвестиции СДСМ спровел во Охрид и колку средства се префрлени на општината за да биде финансиски стабилна.
– Покривме пола милијарда денари долгови на општината, наспроти ни еден денар од ВМРО-ДПМНЕ кога имаа градоначалник. Од сите што добија платежни картички најповеќето ќе ги трошат тука. Затоа сме овде денес исправени среќни и гласни, чекајќи поддршка од Охриѓани да продолжиме, порача Заев. (Крај)
извор: nezavisen.mk фото: nezavisen.mk