Скопје, 26. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 70
– Куманово 2
– Дебар 6
– Штип 14
– Прилеп 2
– Тетово 25
– Струга 4
– Велес 2
– Битола 1
– Охрид 9
– Кавадарци 3
– Гостивар 11
– Струмица 1
– Крива Паланка 2
– Кочани 3
– Свети Николе 4
– Ресен 4
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42 години) хоспитализиран на 13-ти јуни и двајца пациенти од Скопје (71 година) хоспитализиран на 15-ти јуни и пациентка (83 години) хоспитализирана на 23-ти јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.
– Скопје 6
– Куманово 1
– Штип 16
– Прилеп 1
– Тетово 9
– Велес 2
– Битола 1
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.758, бројката на оздравени пациенти е 2.206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.284. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство