Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 85 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-40, Струга-17, Кичево-10, Дебар-18).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.
Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 31 контроли врз угостителски и други објекти. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 28