Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Со летовите од Цирих и Милано денес се отвора аеродоромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Авиони од Цирих на Chair Airlines и од Милано на Wizz Air ќе бидат првите кои денес, по три и пол месеци, ќе слетаат на аеродоромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Пристигнувањето е планирано за 12:30 односно 17:15 часот. Полетувањето од охридскиот аеродром ќе биде во 13:20 за Цирих односно 17:45 часот за Милано.

Според информациите од ТАВ Македонија првиот чартер лет на аеродоромот во Охрид ќе слета на 5-ти јули од Варшава на компанијата LOT Polish Airlines, додека пак првите холанѓани ќе пристигнат од Амстердам на 25-ти јули.

Согласно протоколите патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание.

ТАВ Македонија ги упатува сите патници да ги следат веб-страниците на двата аеродроми, каде што ќе бидат објавени најновите распореди на летање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука