јули 1, 2020

Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

Денес Ви го претставуваме хотелот „Гарден“:

Image may contain: house, sky, grass, outdoor and nature

Хотел „Гарден“ со совршена рамнотежа помеѓу класичната елеганција и модерниот стил нуди 28 современо уредени соби. Повеќето од нив се со поглед кон прекрасното Охридско Езеро. Хотелот има конференциска сала, ресторан со највкусни национални и интернационални специјалитети, огромна тераса и сопствен паркинг.

No photo description available.

Контакт:

Кеј „Македонија“ бр. 114
тел:+389(0)46 260 261 и 046 260 262
email: [email protected]

www.hotelgarden.com.mk

Facebook: Garden

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука