Хвар, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Какво е влијанието на пандемијата врз туристичката сезона во Хрватска најдобро го илустрира ситуацијата на островот Хвар, еден од најпосетуваните на Јадранското Море.
Меѓу 20 и 30 проценти од сите угостителски објекти во моментов се отворени на Хвар, а од 14 хотели, работат само три.
– Бројките се катастрофални, никогаш во историјата на туризмот градот Хвар немаше вакви лоши резултати во овој период од годината. Сега во Хвар се одмораат 66 странски туристи, додека минатата година во ова време во Хвар имаше 4.588 гости. Ова се катастрофални бројки и кога ги добив во петокот, не можев да им верувам на очите, иако знаев дека ситуацијата е катастрофална, изјави за „Слободна Далмација“ Тео Јеличиќ, потпретседател на градскиот совет на Хвар.
„Од овие 66 туристи кои и покрај сè дојдоа во Хвар некои се Словенци, Австријци, Германци и Чеси“, вели Јеличиќ, кој посочува дека нема оптимизам за наредните два месеца затоа што резервациите се откажани. (Крај)
извор: Точка фото: архива