ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

По COVID-19 паузата, денес на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ слета првиот лет на авиокомпанијата Chair Airlines (Фото)

Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од скоро четири месеци, денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ слета првиот авион, со што и официјално започна главната летна туристичка сезона на охридско-струшкото крајбрежје.

Со првиот лет реализиран од авиокомпанијата во Охрид Chair Airlines пристигнаа првите патници на редовната линија од Цирих. Предвидено е во текот на денешниот ден да биде реализиран и првиот лет од Милано на авиокомпанијата WizzAir.

Image may contain: sky, airplane and outdoor

Аеродромот во Охрид, како и оној во Скопје, беа целосно затворени за патнички сообраќај од 15-ти март годинава кога беа воведени посебни рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Новонаметнатата ситуација предизвикана од епидемијата резултираше со откажување на голем број однапред закупени аранжмани на странски туристи во хотелите и приватните капацитети на Охридско-струшката ривиера.

Image may contain: 1 person, standing, walking and outdoor

Повторното отворање на аеродромот влева одреден оптизмизам кај туристичките работници во Охрид дека сепак и ова лето во градот и на брегот на Охридското Езеро ќе има странски гости. Во прилог на таквите очекувања одат и најавите на одредени странски тур-оператори дека ќе реализираат дел од предвидените аранжмани оттаму што одреден број туристи не ги откажале туку презакажале плановите за одмор во Охрид.

Image may contain: one or more people, people standing and indoor

Веќе во текот на оваа седмица е планирано покрај обновувањето на редовните линии да бидат реализирани неколку чартер летови со туристи од Полска и Холандија. (Крај)

извор: ОхридПрес/Канал 5 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука