јули 1, 2020

Скопје, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Изминатите нeколку денови се намалува бројот на приеми споредено со тоа што беше пред десеттина дена кога имаше огромен број пациенти кои доаѓаа во болница и тогаш немаше пациенти кои се испишуваа.

– Вчера после долго време првпат бројот на испишани пациенти на Клиниката за инфективни болести е поголем од приемите, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека ги подготвуваат болничките капацитети како во однос на патеки за соодветен третман ако даваат и друга здравствена услуга, и потенцира дека прават проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци, кога е можен уште поголем притисок, тогаш и со друга патологија од сезонскиот грип.

Во врска со исполнетоста на капацитетите во јавните здравствени установи каде се примаат заболени од COVID-19, тој рече дека триесеттина проценти е исполнет капацитетот на болницата во Козле, и има доволен број слободни кревети.

– Во Градската општа болница „8 Септември“ работиме на системот на ротација на кадар. Полуисполнет е капацитетот во сите болнички одделенија ширум државата освен во Охрид и во Битола, каде има уште неколку слободни кревети, истакна Филипче. (Крај)

извор: 24 Вести фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука