Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на православниот празник „Свети Наум Охридски Чудотворец“, Кризниот штаб на општина Охрид упатува апел до верниците да се воздржат од масовни собири во предвечерието и денот на самиот празник и да ги почитуваат сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот COVID-19.
Исто така се упатува апел до сите жители и посетители во градот, максимално да се придржуваат до сите мерки за заштита.
– Да се носат заштитни маски;
– Да се одржува потребна дистанца;
– Да се одржува лична хигиена според препораките;
– Да не се организираат семејни собири и други слични групирања.
– Да бидеме одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, порачуваат од Кризниот штаб на општина Охрид. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес