јули 2, 2020

Охрид, 2. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Занимавањето со спорт и спортски активности помага во создавањето на трајни вредности во развојот на личноста и социјализацијата, позитивен и здрав спортски начин на живеење, едукација за правилна исхрана, запознавање со важноста на физичката активност, воспоставување на спортска култура, меѓу другото и основа за превенција од сет на здравствени заболувања, порача на денешната прес конференција д-р Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник од 5 Изборна единица.

– Клучни стратешки определби во проектот Обнова на кои се обврзуваме: Измена и дополнување, а потоа и носење на комплетно нов Закон за спорт, а истовремено измена и дополнување на Законот за локална самоуправа, во насока на зголемување на надлежностите на општините во областа на спортот. Воспоставување на современа спортска медицина. Мерка „Спортски денар“ – одвојување на 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот. Изградба на Национален центар за спорт и бази за спортски подготовки. Нови сместувачки капацитети за ученици и студенти од областа на спортот. ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува за унапредување на училишниот и универзитетскиот спорт. За развој на училишниот спорт преку проектите: Унапредување на квалитетот на часовите по физичко образование; Реконструкција на објектите и обезбедување на соодветни реквизити; Континуирано усовршување на спортскиот наставен кадар; Унапредување на системот на натпреварување во училиштата. За развој на универзитетскиот спорт комплетна реорганизација и финансиска поддршка на истиот. Остварувањето врвни резултати ќе го поттикнеме преку подобрување на мерката за ослободување на дел од данокот на добивка на приватните компании. Квалитетот и унапредувањето на спортската инфраструктура би се одвивал со посебна цел – секоја општина да има своја спортска сала, а секое училиште услови за реализација на спортски активности. Конкретните проекти опфаќаат: Реконструкција на постоечките спортски објекти, нивно надградување до определени стандарди; Изградба на затворени спортски сали, спортски игралишта, отворени кошаркарски игралишта, повеќенаменски игралишта и атлетски патеки; Изградба на повеќе мини базени во рамките на постоечките објекти и училишта. Ќе се залагаме за развој на водените спортови во Охрид. Унапредувањето на здравствената заштита во областа на спортот ќе се одвива преку истражување на моменталната слика на здравствената состојба на младите и современа спортска медицина, со современа апаратура и стандардизирани спортски медицински прегледи. На 15 јули да одбереме обнова со која директно и успешно се помага развојот на спортот. Бројот 14 за поттикнување и унапредување на спортот! 14 за спортски денар! 14 за подобра спортска инфраструктура! 14 за обнова на Македонија – порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука