COVID-19 Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Објавени протоколите за одржување спортски натпревари, за работа на музеи, галерии

Скопје, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На владината веб страница се објавени Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

Покрај тоа може да се најдат и Протоколите за работа на музеи, галерии и изложбени простори,  организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, за работа на танцовите и балетските клубови,  за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на КОВИД-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Македонија.

Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.

Сите протоколи може да се најдат на следниот ЛИНК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука