Скопје/Охрид, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Шекеринска во 2016 година ветуваше кули и градови, потоа три години никој не можеше да ја види, за сега пак да се појави на реконструкција на улица и да зборува за некои големи капитални инвестиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното при посетата на Охрид на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
– Три години не направија ништо за Охрид освен што го заборавија и запоставија. Три години не фрлија ниту една лопата на автопатот Охрид-Кичево. Во Охрид дозволија да владее партиско-урбанистички хаос кој го загрозува статусот на градот и езерото во УНЕСКО. Таа ветуваше дека ќе го спречи иселувањето , па дури и дека ќе ги враќа младите назад. Напротив со лошите економски политики уште повеќе ги фрлија граѓаните во сиромаштија и бесперспективност. Очигледно Шекеринска се сеќава на народот само пред избори и им ги нуди истите препакувани лаги од 2016-та година. Во меѓувреме владата на СДСМ, Шекеринска и Заев МОЖЕШЕ но не направи ништо за граѓаните. СДСМ, Шекеринска и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова – додаваат од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива