Економија Избор Охрид Сите во Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Искористете го ваучерот во Охрид: „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“ – хотел „Милениум Палас“

Охрид, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

Image may contain: cloud, sky, outdoor, nature and water

Денес Ви го претставуваме хотелот „Милениум Палас“:

„Милениум Палас“ е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото. Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.

No photo description available.

контакт:

Кеј „Македонија“ б.б.
6000 Охрид
Tel: +389 46 263 361
Fax: +389 46 267 010
E-mail: millenium_palace@t.mk ohrid@milleniumpalace.com.mk
Facebook: Hotel Millenium Palace Ohrid
Skype

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука