Скопје, 5. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 53
– Куманово 4
– Дебар 6
– Штип 3
– Прилеп 6
– Тетово 8
– Струга 13
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 5
– Пробиштип 1
– Свети Николе 1
– Кичево 4
– Ресен 2
Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица.
– Скопје 26
– Велес 2
– Гостивар 3
– Кичево 3
– Ресен 6
Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени пациенти е 3.027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство