Охрид, 6. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020.
Екипата на ДИК ги посети Охрид и Струга каде беа поставени две големи поставки од големо стаклено ѕвоно и гел за дезинфекција со цел да им се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите.
Со пораките „Заштити се себеси и другите“ и „Гласај безбедно“, Државната изборна комисија упати апел за сигурни и безбедни избори. На плоштадите од двата града на безбеден начин се поделија едукативни брошури и флаери на случајните минувачи за безбедно гласање и точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место за да се заштити од коронавирусот.
Safety или безбедносната брошура што од ДИК ја подели на граѓаните на Охрид и Струга содржеше гел за дезинфекција и маска за заштита од коронавирусот. Освен што ги информираше преку пораките и поставките, ДИК на овој начин имаше и акција за заштита на граѓаните. (Крај)
извор: ДИК фото: ДИК