Охрид, 8. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство (МЗ) на Република Македонија, од 1. јули до денес, во Охрид се регистрирани 45 новозаболени лица од COVID-19.
Во истиот период, на ниво на државата, надлежните органи пријавиле 918 нови случаи, од кои во соседна Струга има 51. лице со корона вирус.
По денови:
– 7. јули 2020 – 120 нови случаи на COVID-19, 4 новозаболени лица во Охрид, 6 во Струга
– 6. јули 2020 – 78 нови случаи на COVID-19, 1 новозаболено лице во Охрид, 3 во Струга
– 5. јули 2020 – 115 нови случаи на COVID-19, 8 новозаболени лица во Охрид, 13 во Струга
– 4. јули 2020 – 147 нови случаи на COVID-19, 5 новозаболени лица во Охрид, 7 во Струга
– 3. јули 2020 – 165 нови случаи на COVID-19, 10 новозаболени лица во Охрид, 3 во Струга
– 2. јули 2020 – 173 нови случаи на COVID-19, 10 новозаболени лица во Охрид, 14 во Струга
– 1. јули 2020 – 120 нови случаи на COVID-19, 7 новозаболени лица во Охрид, 5 во Струга
Според последните, официјални податоци на МЗ од вчера, вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во Охрид е 209, од кои имаме 180 активни случаи. Во Струга има 274 случаи од кои 173 се активни.
Кон средината на мај, откако долго време се одржуваше ниска бројка на заболени и успешно се бранеше од пандемијата, Охрид се врати на мапата на градови каде се регистрирани лица заболени од коронавирус COVID-19. Оттогаш, речиси секојдневно има регистрирани новозаболени пациенти, а за жал ги имавме и првите смртни случаи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива