COVID-19 Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Спасовски: Итно ќе го разгледаме предлогот за воведување ПЦР тест за граѓаните од соседството

Куманово, 8. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР тест не постар од 72 часа за сите граѓани кои влегуваат во земјава од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора и врз основа на тоа ќе донесе одлука.

– Денеска има таков предлог од Комсијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука – изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски при денешната посета на Куманово.

Комисијата за заразни болести утрово предложи од утре да се воведе ПСР тест не постар од 72 часа, при влез во земјава за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука