Економија Избор Охрид Сите во Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Искористете го ваучерот во Охрид: „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“ – хотел „Амбасадор“

Охрид, 10. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

No photo description available.

Денес Ви го претставуваме хотелот „Амбасадор“:

Хотел „Амбасадор“ работи од далечната 2001 година како современ и атрактивен објект, во кој се исполнети сите стандарди за хотелско сместување. Лоциран е на магистралниот пат Охрид-Скопје на само 5 километри од градот Охрид, 2 километри од охридскиот аеродром и на само 150 метри од брегот на Охридското Езеро, далеку од градскиот метеж и претставува идеално место за за тие што сакаат да се релаксираат, за организирање викенд одмори, летни аранжмани, подготовки на спортски екипи, реализирање на бизнис средби и семинари како и разни видови свечености. Хотел „Амбасадор“ располага и со сопствен бар и нуди климатизирани соби, како и услуги и за собен сервис 24 часа, како и услуги за сервиси за перење, пеглање, шиење, чистење обувки. Располагаме со сопствен паркинг. Одличен простор за влез и излез на возила и автобуси. Во рамките на нашиот хотел се наоѓа и ресторан познат по долгогодишната традиција на организирање на свадби и разни видови на свечености. Ве очекуваме, заедно да поминеме незаборавни денови исполнети со уживање и релаксација.

No photo description available.

контакт:
Населба „Подмоље“, Охрид, Македонија
Телефон: +389 46 28 20 20 + 389 70 30 40 06
e-mail: hotelambasador@t.mk
www.hotelambasador.mk
Facebook: HotelAmbasadorOhrid

No photo description available.

Image may contain: people sitting, table and indoor

No photo description available.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука