Скопје, 10. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – При влез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и Меѓународен Аеродром Скопје не е потребно да се приложи медицинска потврда од направен ПЦР тест, имајќи во предвид дека странскиот државјанин транзитира низ територија на Република Македонија.
Потребно ќе биде само да се потпише изјава и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.
Ова се дел од насоките кои ги прифати Главниот координативен кризен штаб, претходно доставени од страна на Министерството за внатрешни работи, изработени во соработка со Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19.
Дополнително, при влез на копнен граничен премин, а со цел излез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, потребно е задолжително да се прикаже авионски билет (електронски билет) и да се потпише изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.
Сите мерки кои ги донесе Владата на Република Македонија денес ОВДЕ. (Крај)
извор: Влада на РМ фото: архива