Охрид, 11. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 4-ти до 10-ти јули 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 354 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 188 лица, во општина Струга и Вевчани 104 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 62 лицa.
– Од вкупно земените материјали, 237 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 119, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 62), а 117 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“ (Охрид и Дебрца 69, Струга и Вевчани 48, Дебар и Центар Жупа 0)
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 29 лица од општина Охрид, кај 55 лица од општина Струга и кај 35 лица од општина Дебар.
– Во Охрид 48 пациенти се на домашно лекување, во Струга 46 пациенти се на домашно лекување, а во Дебар 20 пациенти се на домашно лекување.
– Активни случаи во Охрид се 133, во Струга 147, а во Дебар 76.
– Во овој период оздравени се 57 лица од Охрид, 54 лица од Струга и 8 лица од Дебар
– Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид, 8 лица од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.Од почетокот на епидемијата до 10-ти јули 2020:
– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 219 лица во општина Охрид и Дебрца, 300 лице во општина Струга и Вевчани и 137 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 86, од Струга се 151, а од Дебар и Центар Жупа се 60 пациенти
– од општина Охрид и Дебарца има 6 починати пациенти, од општина Струга се починати 34, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица.
– Почитувани сограѓани, епидемијата од коронавирусот се’ уште трае. Коронавирусот се’ уште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)
извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес