Избор Избори 2020 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Бакраческа, Петкоска и Пецаков со завршни обраќања до гласачите

Охрид, 12. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кандидатите за пратеници во 5 Изборна единица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Грација Бакраческа, Лидија Петкоска и д-р Кирил Пецаков денес ги имаа своите завршните обраќања, во пресрет на изборниот молк кој започнува вечерва и предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во среда, на 15-ти јули.

– На граѓаните би им порачала да излезат и да нѐ поддржат на 15-ти јули бидејќи нивната поддршка ни е најпотребна во овие мигови, а притоа да ги почитуваат здравствените мерки затоа што за мене, како здравствен работник, најважно е здравјето на граѓаните. Ние Македонците со ѕвезда на челото, срце како планина кое знае да си ги сака корените. За оваа родна грутка македонска треба сите заедно сплотени да се бориме да си ја сочуваме. Поддршка за бр. 14 за листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија – порача Бакраческа.

Петкоска истакна дена дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите.

– Има зошто да изберете обнова. Затоа што ова е последна шанса за спас на нашата Македонија, оваа Македонија која ја создадоа нашите предци и ни го оставија аманетот да ја зачуваме. Не сме сите исти! Во оваа земја постојат и вредни, чесни и честити луѓе! Се обврзувам на многу работа, чесност и честитост затоа што знам дека успехот подразбира многу труд, откажувања и упорност, а подготвена сум за најдобрите резултати преку силна посветеност на сериозноста на ситуацијата и вашите пораки. Потребна ни е силна влада која ќе ја исправи Македонија и ќе ја отпочне обновата! Токму затоа, ве повикувам масовно да излезете на избори, за заедно да си ја исправиме и обновиме земјата, затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина во силна, почитувана, непокорлива и достоинствена држава. Горда држава со сопствено јас!
На 15-ти јули донесете одлука за себе, за својата земја и за идните генерации! Време е да ја загарантираме иднината која ја посакуваме за нашите деца. Од вас зависи! На 15-ти јули изберете го бројот 14 – за коренита обнова на Македонија во сите области и во корист на сите граѓани, напомена Петкоска во своето обраќање.

Д-р Кирил Пецаков во своето обраќање до охриѓани ги повика масовно да излезат на 15-ти јули и да го дадат својот глас.

– Притоа да направите разлика помеѓу СДСМ партијата којашто под превезот на празната флоскула за живот во Македонија јазично и идентитески ја обезличи Македонија, притоа ни нанесе голем национален срам и од друга страна партијата ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија којашто проектот Обнова на Македонија го презентира пред граѓаните и притоа видоа граѓаните дека тој проект содржи реални програми којшто се остварливи за еден четиригодишен мандат и се обврзуваме на тоа. Затоа на 15-ти јули ве повикувам да излезете и да го заокружите бројот 14, додаде Пецаков. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука