Охрид, 12. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полни плажи, гужва на Градскиот кеј, полни паркинзи, исполнетост на капацитетите како за Илинденските празници…
Вака може да се опишат изминатите неколку дена, кои го исполнија туристички Охрид со гости, а најавите се дека така ќе остане и во текот на наредниот период.
Глетката беше убава за око, но за жал, во исто време претставува и вистинска „темпирана бомба“, ако се има во предвид дека деновиве имаме огромни бројки на заболени лица од COVID-19 во државата. 136 заболени денес, 199 вчера, дури 205 ден претходно… Според официјалните бројки на Министерството за здравство на Република Македонија, најголемиот број заболени лица се од Скопје, од каде доаѓаат и најбројните гости во Охрид.
Ако на ова се додаде и непочитувањето на мерките за носење заштитни маски, но и изборите кои се во фото-финиш и бројните партиски активности кои се одвиваат токму вчера и денес, во пресрет на молкот, стигнуваме до вистинска „Perfect storm“ состојба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива