Охрид, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 230 хронично болни и изнемоштени лица во Охрид денес ќе го искористат своето гласачко право на 10-те парламентарни избори во земјава.
До ОИК простигнале 234 барања, но 4 се одбиени, информира за Супер радио и OhridPress претседателот Климент Камнароски. Своето гласачко право денеска ќе го остварат и 13 затвореници.
Камнароски информира дека глаањето е започнато навреме и се одвива без проблеми, со соодветно почитување на здравствените протоколи дадени за овој изборен циклус.
Вчера својот глас го дадоа лицата кои се заразени со COVID-19 и оние кои се изолирани поради коронавирусот. Во Охрид беа пријавени 38 лица, а се изјаснаа 30.
Поголем дел од вкупно запишаните 1.814.263 избирачи во земјава, својот глас ќе го дадат утре, 15-ти јули, кој е прогласен за неработен ден. Поради актуелната состојба со коронавирусот, гласањето ќе трае од 07:00 до 21:00 часот.
Во Охрид се гласа на 89 избирачки места, од кои 20 се преместени заради почитување на здравствените протоколи.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива