јули 14, 2020

Скопје, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, при што се регистрирани 135 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 76
– Куманово 6
– Дебар 2
– Штип 6
– Прилеп 1
– Тетово 13
– Струга 7
– Битола 3
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 10
– Гевгелија 1
– Македонски Брод 1
– Кратово 1
– Свети Николе 2
– Кичево 3
– Ресен 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево.

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 142 оздравени лица.

– Скопје 68
– Штип 3
– Прилеп 1
– Тетово 15
– Струга 15
– Охрид 15
– Гостивар 7
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 5
– Свети Николе 6
– Ресен 4

Во земјата досега се направени вкупно 79.392 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамки на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 8.332 лица, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475 лица. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука