Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со ретка појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен, а во западните делови од западен правец.
УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.
– Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 38