МВР: Лични карти можат да се подигнат и денес во управните служби
јули 15, 2020

Скопје, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, денес, на денот на изборите, ќе работат само за подигање на лични карти, во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

– Целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука