Избор Избори 2020 Охрид ТОП ВЕСТИ

До 09:00 часот во Охрид на гласање излегле 3.564 граѓани

Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е гласањето на десеттите парламентарни избори во Република Македонија.

До 09:00 часот процентот на излезност е 6,78%, од обработени податоци од 89 избирачки места. Од вкупно запишаните 52.510 граѓани со право на глас, на гласање излегле 3.564 охриѓани.

Според податоците од ОИК точно во 07:00 часот во Охрид биле отворени сите 89 избирачки места, а гласањето се одвива без проблеми.

Во насока на почитување на здравствените протоколи 20 избирачки места имаат нови локации.

Поради новонастанатата ситуација со епидемијата на COVID-19, гласачкиот процес наместо 12 ќе трае 14 часа, односно гласањето ќе трае до 21:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука