Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Гласањето во Охрид на сите избирачки места се одвива мирно и без проблеми.
Според последните податоци од ДИК, Охрид е меѓу градовите во петтата изборна единица со поголем процент на излезност, кој до 11:00 часот од досега обработените податоци изнесува 17,40%, односно на гласање излегле 9.144.
Граѓаните на Македонија денеска гласаат на десеттите парламентарни избори, воедно и петти предвремени. Во Охрид се гласа на 89 избирачки места, а граѓаните прават избор меѓу поднесените 15 кандидатски листи за пратеници.
На ниво на изборна единица 5, во која спаѓа и Охрид, до 11:00 часот од вкупно запишаните 314.489, досега гласале 46.224 или 14,70%. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35