Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од седум часа граѓаните на Република Македонија гласаат на десеттите избори за нови членови на националното собрание.
До ДИК постојано пристигнуваат информации од општинските изборни комисии. Според последниот пресек за излезноста до 13:00 часот на државно ниво изнесува 24,61%, односно избирачкото право го искористиле 446.438 граѓани. Во петтата изборна единица излезноста е 24,12%.
Според најновите податоци во Охрид до 13:00 часот гласачкото право го искористиле 15.090 граѓани или 28,72% од обработени податоци од 88 од вкупно 89 гласачки места. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 48