Избор Избори 2020 Македонија ТОП ВЕСТИ

ЈО: Изборите се одвиваат во мирна атмосфера, пријавени 10 нерегуларности

Скопје, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17:00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани случени денеска, во тек на гласањето. Поголемиот дел од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите. (Крај)

извор: Јавно обвинителство фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука