Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пет лица од Охрид учествувале во тепачка со случена сообраќајна незгода

Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти јули 2020 година, во 14:30 часот, нарушен е јавниот ред и мир по случена сообраќајна незгода на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов“ во Охрид.

– Регистрирана е тепачка помеѓу В.Л.(45), К.Д.(21), Ф.Д.(37), С.Д.(56) и Д.Б.(22), сите од Охрид. По незгодата, Ф.Д. започнал вербална расправија со К.Д. во која подоцна се вклучиле и останатите учесници. Двајцата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука