Избор Избори 2020 Охрид ТОП ВЕСТИ

Четворица кандидати за пратеници од Охрид ќе бидат дел од новиот состав на македонското собрание

Охрид, 17. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Четворица кандидати за пратеници од Охрид ќе бидат дел од новиот состав на македонското собрание.

Во петтата изборна единица во која спаѓа Охрид, распределбата на мандати во македонскиот блок е изедначена. Коалицијата „Можеме“ и Коализијата „Обнова на Македонија“освоија по 8 мандати, ДУИ 3 мандати, Алтернатива за Албанците и Алијанса 1 мандат.

Охридските кандидати Кирил Пецаков и Лидија Петкоска од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Лазе Танески и Жаклина Лазаревска од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе седнат во парламентот.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Пецаков и Петкоска советничкото ќе го заменат со парламентарното столче, за Танески ова ќе биде прва државничка функција, а Лазареска беше дел и од минатиот парламентарен состав. Покрај со бројката двете партии се изедначени и според половата структура на новите охридски парламентарци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука