Скопје, 17. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вашата држава има потенцијал да се развие во одржлива туристичка дестинација. Активниот туризам има позитивен финансиски афект во локалните бизниси. Активниот туризам има и минимално влијание на екологијата, рече амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер Техада на промоцијата на 10 видеа од кампањата „Дома си е дома“ која ја подржува кампањата.
Според неа пандемијата на коронавирусот предизвика проблеми во туризмот кои не ја одминаа земјава, но и предизвик за туризмот кој во земјава треба да се реализира преку развој на домашниот туризам.
– На земјава и е потребен подобар пристап на домашните туристи и се надеваме во иднина и за странските туристи. Локалните туристички организации можеби се недоволно информирани за одредени можности и ние сакаме да помогнеме со идеи – рече амбасадорката на Швајцарија во земјава.
Таа, како што рече, очекува туризмот да ја надмине состојбата и да излезе со подобри перспективи.
Видеата се направени на 10 различни локации кои се однесуваат пред сѐ на активниот туризам – јавање коњ во Демир Капија, возење велосипед во други региони во земјата, параглајдерство… Скопје како дестинаци. Проектот е поддржан и од Британската амбасада во земјава.
Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски рече дека очекува домашните туристи да ги препознаат дестинациите во земјава со што ќе помогнат туризмот да загрепне и да го продолжи развојот.
– Се надевам дека 10-те видеа ќе ги натераат домашните туристи да ја откријат својата дестинација во земјава што ќе влијае на развојот на домашниот туризам. На овој начин сакаме фактичката туристичка понуда да ја доближиме до домашните потенцијални туристи, да им покажеме што се има во оваа наша убава земја и каде можат безбедно да го поминат својот одмор со семејството или пријателите. Свесни сме дека оваа година поради пандемијата од ковид -19 туризмот во голем дел потпрен на домашните туристи, а ова е само мал чекор со кој поттикнуваме раздвижување на оваа индустрија при што очекуваме бројот на ноќевања да достигне до два милиона – рече Јанески.
Нина Кариќ прокет менаџер на програмата за поддршката на активниот туризам на швајцарската амбасада рече дека тоа е само една од четирите сектори кои се поддржуваат.
– Добро е што се земјата се определува за активен и еко туризам и сега треба да се убедат локалните компании како и владата во ова – рече Кариќ.
Кампањата „Дома си е дома“ треба да помогне во закрепнување на туристичкиот сектор. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива