Скопје, 2. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – За период од две и пол години, државата потрошила 8 милиони евра за купување на 392 автомобили.
Најскапото возило марка „Ауди А6“ го купила општина Струга кое чинело 66 илјади евра. Најмногу трошела владината служба за општи и заеднички работи, која купила 46 нови возила Фолсваген Пасат, секое вредно по 39 илјади евра, јави Канал 5.
Вакви поразителни податоци покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во соработка со USAID.
Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра, а средната вредност за сите изнесува 17 илјади евра. Конкуренцијата на тендерите била многу ниска, па кај 71% од тендерите имало само еден понудувач. Најкупувани возила се од марките Шкода и Фолсваген, од кои купени биле 100, односно 88 нови возила. (Крај)
извор: Канал 5 фото: архива