Охрид, 5. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 29-ти август до 4-ти септември 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 80 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 27 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 53 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 21 лица од општина Охрид, кај 30 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29.
– Во овој период оздравени се 19 лица од Охрид, 31 лица од Струга и 63 лица од Дебар
– Во овој период починати се 3 лица и тоа 1 од општина Охрид, 1 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.Од почетокот на епидемијата до 4-ти септември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 354 лица во општина Охрид и Дебрца, 587 лице во општина Струга и Вевчани и 260 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 301, од Струга се 479, а од Дебар и Центар Жупа се 219 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 11 починати пациенти, од општина Струга се починати 49, а од Дебар и Центар Жупа се починати 12 лица.
– Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања
– често миење/дезинфекција на рацете
Бидете одговорни… Уживајте во летото, безбедно… Можно е, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)
извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес