Охрид, 7. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на министерството за образование, денес ќе бидат објавени конечните списоци со кандидати од втора и повисоките години на студии кои си обезбедија студентски кревет.
Според конкурсот, во струдентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид има слободни 226 легла, од кои 181 се за студентите од втора и повисоките години, а 45 за бруцошите. Рокот за електронското пријавување на студентите од прва година ќе почне на 7-ми и ќе трае до 21-ви септември.Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 28