Избор ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Настава со физичко присуство за учениците од I до IX одделение во ООУ „Дебрца“

Белчишта, 9. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Советот на општина Дебрца донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ „Дебрца“, Белчишта во учебната 2020/2021 година, а во услови на COVID-19 да се реализира со физичко присуство на учениците од I до IX одделение.

-Воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата. Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ„Дебрца“, Белчишта ќе се проследи до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, а за добивање согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето, информираат од општина Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука