Скопје, 10. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Независната угостителска комора (НУК), денес организира конференција „Дебатен форум- На иста страна“.
Целта и мисијата е сите зависни и засегнати страни, директни и индиректни учесници од угостителската индустрија заедно со владини, локални, бизнис претставници јавно да дискутираат за да дојдат до конкретни решенија со кои ќе можат побезболно да се справат со налетот нанајавениот втор бран на пандемијата.
Идејата е да се слушнат предлози, солуции, идеи од директно погодените сектори. Да се слушнат нивните очекувања и размислувања како да се продолжи, како да се трасираат идните, соодветни начини за функционирање. Соодветни решенија како вработените во оваа индустрија да продолжат да работат во согласност со важечките протоколи, а сепак да не затворат и да останат на грбот на државата.
Дебатниот форум „На иста страна“ е прва иницијатива од приватниот сектор, што НУК ја презема за да покаже дека: сите вработени во угостителската индустрија, директно и голем дел од производителите, индиректно, а и сите работници, работодавачи, јавни и владини институционални претставници се против неформалниот непријател COVID-19.
Конференцијата ќе се одржи во хотел „Хилтон“ на 10-ти септември 2020 година со почеток во 13:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива