Охрид, 13. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Летото 2020-то се’ уште не се предава. На 13-ти септември се полни плажите во Охрид, најголемиот туристички центар во Република Македонија.
Гости од целата држава го искористија прекрасниот сончев и топол ден да уживаат на некоја од најпопуларните плажи на крајбрежјето.
Плажата пред хотел „Метропол“ денес беше исполнета како сезоната да е на самиот старт, а не на крајот.
Слично беше и на плажата пред авто-кампот „Љубаништа“ која ова лето беше вистински магнет за туристите.
По добро или по лошо, ова лето секако уште долго ќе се памти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 38