Охрид, 24. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески на жителите од централното градско подрачје им ги ускратија основните услови за живот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
-Дефектот на улиците „Македонски Просветители“, Абас Емин” и околните улици ги остави граѓаните без вода. Веќе два дена граѓаните се оставени без вода и самите треба да го решаваат проблемот со водоснабдувањето. Зошто градоначалникот Георгиески и директорот на ЈП „Водовод“ ветуваа „Живот за сите“, а сега ги оставаат граѓаните без вода? Ваквото однесување на Локалната власт е безобразно и нехумано затоа што во време на COVID-19 криза граѓаните се оставени без вода. Локалната власт на СДСМ и Георгиески веднаш да ги реши проблемите со водата и да им овозможи на жителите непречено снабдување со вода, стои во реакцијата од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес