COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Медицинска сестра од охридската Општа болница ја загуби битката со COVID-19

Охрид, 26. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска, родена на 29.09.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус COVID-19, објавија на нивната официјална страна на Facebook од ЈЗУ Општа болница Охрид.

-Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените. Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања. Со длабока почит, порачуваат вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Според последните, официјални податоци на Центарот за јавно здравје од Охрид, во периодот од 19-ти до 25-ти септември во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 16 лица, активни се 52 случаи, оздравеа 17 и починаа 2 лица. (Крај)

извор: ФБ ЈЗУ Општа Болница Охрид фото: ФБ ЈЗУ Општа Болница Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука