септември 27, 2020

Скопје/Охрид, 27. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е меѓу градовите каде денес здружението „Борка- за секој нов ден“ организира настани по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“.

Кампањата се организира во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think Pink Europe“. Централниот настан по повод кампањата ќе се одржи во Скопје со симболична обиколка околу Градскиот парк, а покрај во Охрид и Скопје, настани истовремено се одржаа и во Битола, Прилеп, Ресен, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Дебар, Колани и Виница, со ангажман на подружниците на „Борка“ во тие градови, како и мобилизација на градоначалниците на општините и жените во тие места.

Image may contain: 1 person, text

-„Race for the Cure“е продолжување на традиционалната розова прошетка „Напред розово„ што во Скопје се одржуваше во изминатите 11 години. Станува збор за спортски и хуманитарен настан што ги обединува луѓето погодени од рак на дојка и нивните семејства и пријатели. За време на овие три дена, излекуваните ќе го слават животот, додека учесниците ја даваат поддршката на своите најблиски. Заедно тие се сеќаваат на оние што веќе не се со нас заради најчестиот вид рак кај жените, информираат од Здружението „Борка“.

Image may contain: 5 people, including Gordana Loleska, people standing, beard and outdoor

Во согласност со епидемиолошката состојба во светот и во нашата земја, кампањата, како што посочуваат од Здружението, се одвива преку глобална дигитална платформа преведена на 34 светски јазици на која луѓето ширум Европа се поврзуваат преку онлајн регистрација за прошетка или трка во нивниот град, населба, локална заедница. (Крај)

извор: ОхридПрес весник фото: Гордана Лолеска

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука