Охрид, 29. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Свечениот час на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) за академската 2020/2021 година ќе се одржи во четврток, на 1. октомври 2020 година, во предворјето на црквата „Св. Софија“.
На свечениот час до присутните ќе се обратат: Продеканот за наставата Проф. д-р Александар Трајков, Деканот на Факултетот за туризам и угостителство – Проф. д-р Цветко Андреески и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски.
Почетокот на свечениот час е закажан во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 23