Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Свечен час на Факултетот за туризам и угостителство

Охрид, 1. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Свечениот час на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) за академската 2020/2021 година ќе се одржи денеска, во предворјето на црквата „Св. Софија“.

На свечениот час до присутните ќе се обратат: Продеканот за наставата Проф. д-р Александар Трајков, Деканот на Факултетот за туризам и угостителство – Проф. д-р Цветко Андреески и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски.

Почетокот е закажан во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука