октомври 6, 2020

Охрид, 6. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Грижата за граѓаните којашто треба да ја има Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески е сведена на минимум, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-Наместо подобрување на безбедноста и протокот на возила на крстосницата меѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ се гради цел кружен тек којшто не е соодветен за оваа делница. На тој дел транзитот е максимално загрозен и поради тоа е зголемен бројот на сообраќајни незгоди. Дали за Георгиески со тоа не е максимално загрозен сообраќајот и тоа не е многу опасно и животозагрозувачки? Со самиот факт дека никој не презема одговорност за таков проект истото се докажува. Зошто надлежните интституции не преземаат ништо, ниту СВР, ниту градежен инспектор знаејќи дека сѐ се прави на своја рака и незаконски? Георгиески да одговори дали постои некаква градежно-техничка документација (Проект, Одобрение за градба или за Реконструкција)? Неспособноста и несериозноста на Георгиески можат да чинат човечки животи. За ваквото незаконско работење ќе поднесеме соодветни пријави до надлежните институции, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука